Skip to main content

Саем за мебел од 26 до 30 март во комплексот „Борис Трајковски“

Под слоганот „Инспирација за секој дом“, годинашниот Саемот на мебел 2025 ќе се одржи од 26 до 30 март во комплексот „Борис Трајковски“.

Годинашното издание на саемот ќе биде поделено во четири специјални зони, со цел посетителите полесно да ги откријат најновите трендови и да најдат сè што им е потребно за уредување на нивниот дом или работен простор:

Зона 1 – Двор и градина: Решенија за уредување на надворешни простори, градинарски мебел, декоративни елементи и сè што е потребно за создавање на идеално катче на отворено.

Зона 2 – Аксесоари за дом и осветлување: Најновите трендови во декорацијата, иновативни решенија за осветлување, паметни технологии за домот и ексклузивни декоративни елементи.

Зона 3 – Мебел и внатрешен дизајн: Врвен мебел за сите простории, од дневни и спални соби до кујни и канцелариски простори. Оваа зона ќе понуди голем избор на дизајнерски решенија од домашни и меѓународни брендови.

Зона 4 – Crafts, рачни изработки и пратечка индустрија: Уникатни рачни изработки од талентирани креативци, како и понуда на врати, прозорци и материјали за уредување и реновирање.

Оваа година, Саемот ќе стави акцент на иновативни и еколошки материјали, одржлив дизајн и паметни решенија кои го подобруваат квалитетот на животот. Посетителите ќе можат да дознаат како најновите технологии го трансформираат начинот на кој ги уредуваме и користиме нашите домови.

Поврзани вести