Skip to main content

Ристески: Маркетите да се вразумат со цените, за да не интервенира Владата

Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески „го оправдува револтот на граѓаните околу цените во маркетите и ги повикува маркетите да се вразумат околу цените, за да нема потреба од ургенции на Владата“.

„Треба да се вразумат, имаат период да се вразумат и доколку ги симнат цените на едно нормално ниво, ние не велиме да немаат профит маркетите, кој би работел без профит? Ние треба да внимаваме и на таа страна, значи производители, добавувачи, маркетите, не треба да работат со загуби, како што било во претходната власт, нормално тие вработуваат луѓе, влијаат на економскиот раст, меѓутоа да имаат едно стабилно ниво на цени коешто одговара на економските прилики и состојби и во Македонија и во регионот“, рече Ристески.

Околу Законот за нефер трговски практики, заменик-министерот рече дека законот што го спроведувале не бил докомплетиран, поради тоа што немало формирање на Комисија за заштита на конкуренцијата.

„Сега е се комплетирано, излезени се луѓето на терен и КЗК треба комплетно да ги проверува овие договори и доколку постојат нефер трговски практики да ги казнува. Казните се големи до 20 илјади евра, се надевам дека во текот на овој месец, доколку се утврдат вакви неправилности, ќе ги слушнеме и првите казни за маркетите или добавувачите“, рече Ристески.

Поврзани вести