
Училишната кошничка која нуди од 10 до 15 проценти поевтин училишен прибор и ранци како мерка се спроведува непречено, а Инспекторатот будно следи 600 пунктови во Македонија и нема да дозволи никакво изигрување на мерката. Оваа е само една од владините мерки за заштита на стандардот и одржувањето на ниското ниво на инфлација- изјави денеска во Прилеп Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд.
Веќе трета година се спроведува мерката – училишна кошничка. Трае од 25 август до 30 септември. Досега ефективно се спроведува. Според владините симулации, училишната кошничка носи заштеда на семејниот буџет од 500 до 1 500 денари за едно, или од 2 000 до 3 000 денари за две деца – ученици.
Намалувањето е назначено во одлуката на Владата, 10 проценти намалување на училишниот прибор во трговијата на големо, и 15 проценти во трговијата на мало. Како основа за попустите се земаат цените од 1 јуни, така што, на секој училишен прибор, опфатен со кошничката, вклучувајќи ги и училишните ранци, треба да бидат точно означени со етикети, наречени воблери, на кои пишува „Помалку трошоци, повеќе за вас“, а треба да бидат истакнати цените од 1 јуни и онаа со попустот од 10 или 15 проценти. Симулацијата која ја направивме пред одлуката за кошничката, укажува на тоа дека, за еден ученик ако купува само училишен прибор, семејството ќе заштеди од 500 до 1 000 денари, а доколку во набавката е вклучен и училишен ранец, во зависност од големината и цената, заштедата максимум би била до 1 500 денари. За едно дете – ученик, заштедата би била од 500 до 1 500 денари, а за две деца, заштедата во семејниот буџет би била од 2 000 до 3 000 денари. Со вакви одлуки настојуваме да го штитиме животниот стандард на граѓаните- изјави Ристески.
Државниот пазарен инспекторат со преку 40 тимови, во земјава има направено контроли речиси на сите пунктови каде се продава училишен прибор. Не се пронајдени некои големи пропусти, а доколку ги има, ќе има и соодветни казни. Само на почетокот имало некои пропусти околу воблерите, но по укажувањата и опомените, тие грешки биле исправени.
Само за оваа одлука, Инспекторатот има формирано 40 тимови кои ќе посетат околу 600 пунктови каде се продаваат училишен прибор и училишни ранци. Не се пронајдени некои големи пропусти. Самона почетокот имаше прпусти околу воблерите, но по укажувањата и опомените, тие грешки се исправени. Нема да оставиме простор да се изигрува оваа одлука. Онаму каде ќе бидат пронајдени пропусти, ќе следуваат и соодветни казни- посочи Ристески.
На прашањето каква е состојбата со инфлацијата, Ристески вели дека училишната кошничка е само мал дел во заштитата на животниот стандард. Македонија, додава, во овој тежок период на светска економска криза има одлични параметри и на БДП, нивото на инфлација и на цената на основните продукти.
Сите податоци од Државниот завод за статистика потврдуваат и укажуваат на една исправна економска политика на Владата. Со квартален раст на БДП од 4,3 проценти, четврт по висина во Европа, и со ниска инфлација од 2,3 проценти, измерена во текот на минатиот месец, во однос на јули минатата година, со пораст на индустриското производство, со многу капитални инвестиции, со 18 000 нови отворени работни места и со голем број други показатели, како што се едни од најниските цени на Балканот на нафтата и на нафтените деривати, како и едни од најниските цени на основните прехранбени производи во Регионот, оваа Влада покажува дека има капацитет да се справува со вакви светски економски кризи, и, колку може да ги штити животниот стандард и кревката економија во Македонија. И покрај добрите податоци, ние не сме задоволни. И понатаму, како Влада, ќе правиме овие параметри да бидат уште подобри во интерес на граѓаните и на стопанските субјекти- изјави во Прилеп заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Македонски



