На 1 јануари од 11.00 часот, на првиот ден од новата година во срцето на Кожув планина, да бидете дел од официјалното отворање на Скијачки Центар „Михајлово“ и првата скијачка патека која ќе го носи името Македонија. По покана на Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци.
Снежната покривка е совршена, а планината подготвена да ги пречека сите посетители и љубители на снегот и авантурите што ги нуди ова годишно време, потенцира тој.
Од Владата ингормираа дека на 01.01.2025 година во 12:00 часот претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе присуствува на отворање на новиот скијачки центар „Михајлово“.
Предвидено е изјава за медиуми да даде премерот Мицкоски.