
Цената на нафтата драстично порасна, бидејќи ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток сериозно ги наруши глобалните текови на енергија. Така, нафтата Брент скокна за повеќе од седум проценти на ниво од околу 91 долар за барел, што е највисоко од април 2024 година, а американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) за повеќе од 10 проценти, на околу 89 долари за барел, објави „Trading Economics“.
Катарскиот министер за енергетика, Саад ал-Каби, изјави дека извозниците од земјите од Персискиот Залив ќе го прекинат производството во рок од неколку дена доколку танкерите не можат да поминат низ Ормускиот Теснец. Саудиска Арабија ги зголеми цените на нафтата за азиските купувачи и ги пренасочи пратките преку пристаништата на Црвеното Море за да го заобиколи Ормутскиот Теснец.
Ормускиот Теснец е клучна рута која обично транспортира околу 20 милиони барели нафта и нафтени деривати дневно. Во меѓувреме, тензиите остануваат високи откако продолжуваат израелско-американските напади врз Иран.
Дали Македонија треба да се грижи!
Во Меѓувреме, состојбата во Македонија во однос на цените на нафтените деривати е стабилна. Во моментов, Македонија има најевтин бензин, во споредба со Грција, Бугарија, како и со Косово и Србија каде што неодамна имаше енормно зголемување на цените на бензините. Тоа лесно може да се провери со споредување на цените преку интернет или лично до колку се патува во некоја од овие земји.
Смирувачки тонови доаѓаат и од државниот врв. Премиерот Христијан Мицкоски вчера одржа средба со претставници на нафтената индустрија во државата, на која се разговарало за состојбата со нафтените деривати во услови на кризата на Блискиот Исток и глобалните предизвици во оваа индустрија.
Заклучивме дека нема простор за загриженост и дека состојбата е целосно под контрола. Залихи на горива има и нафтените потреби целосно се задоволуваат. Ќе продолжиме будно да ја следиме состојбата и ќе реагираме во зависност од реалните потреби“, кажа Мицкоски.
За стабилнатасостојба зборуваше и министерката за Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која најави дека ако се оцени оти има потреба, Владата ќе прогласи кризна состојба и Министерството за финансии ќе ги активира инструментите согласно законот.
Апсолутно состојбата е во ред и ние ја следиме. Нема никаков проблем и нема потреба од создавање паника кај граѓаните дека нема да има нафта“, изјави министерката.

Македонски

