
Мартовските пензии, кои ќе бидат исплатени во април годинава ќе пораснат за уште 2.500 денари. Во април сите пензионери ќе добијат ново покачување, по она со септемвриската пензија, кога исто така имаа покачување од 2 500 денари. За само 6 месеци пензиите скокнаа за 5000 денари.
Засега нема информации за евентуалното редовно мартовско покачување на минималната плата. Неодамна беа направени пресметки според Законот според кој минималецот најверојатно ќе порасне од 22.500 на 24.400 денари.