Skip to main content

Нови летови до Барселона и Лион – Скопје доби две атрактивни дестинации

Од Меѓународниот аеродром Скопје од вечерва стартуваат директните летови на „Виз Ер“ до Барселона и Лион, со што скопскиот аеродром доби две нови воздушни врски кон популарни европски дестинации. Вечерва, кон Барселона полетаа 161 патник, додека авионот кон Лион превезе 180 патници.

„Виз Ер“ ќе лета кон Барселона два пати неделно – секој вторник и сабота. Кон Лион, летовите ќе се одвиваат три пати неделно: вторник, четврток и сабота. Билетите се веќе достапни преку официјалната веб-страница на авиокомпанијата: wizzair.com.

Од ТАВ Македонија посочуваат дека со воведувањето на летот до Барселона се исполни едно од најчестите барања на патниците. Градот е познат по уметноста, архитектурата, историјата и спортот, и претставува привлечна дестинација за македонските туристи. Од друга страна, Лион, како гастрономски центар на Франција, нуди сосема ново искуство за љубителите на француската култура и кујна.


На првиот лет до Барселона отпатува и добитничката на два промотивни билета, која беше избрана преку случаен избор како дел од повикот за дарување објавен на Инстаграм и Фејсбук-страниците на Меѓународниот аеродром Скопје.

Поврзани вести