Skip to main content

НЈСК Холдинг: Македонска компанија во врвот на европскиот канабис-бизнис

Pari.com.mk

Во медицината сè повеќе се потврдува делотворното дејство на канабисот, особено кога се работи за пациенти кај кои стандардните третмани не ги даваат саканите резултати. Врз основа на доказите што имаат поткрепа во научните истражувања и проучувања, сè повеќе држави го легализираат и регулираат медицинското користење на канабисот. Тоа значи развој на нова гранка во фармацевтската индустрија и можност за економски развој.

И Македонија е дел од тој систем, преку фирмата НЈСК Холдинг, лоцирана во Ќојлија, Општина Петровец, која функционира во рамките на PHCANN International, пишува порталот pari.com.mk.

На ова поле предничи во три работи: таа е првата домашна лиценцирана компанија за одгледување канабис за медицински цели, прва е со добиена европска лиценца за производство на фармацевтски производи на база на канабиноиди, и е првиот македонски извозник на сув цвет од канабис. На пазарот е присутна девет години, а порталот Пари направи мало истражување за тоа како им оди работата.

Податоците користени од базата на Бизнис Мрежа покажуваат континуиран раст во сите сегменти, иако имало периоди кога се бележеле загуби, кои достигнале и над еден милион евра. Но, во последно време забележливи се позитивни промени. Уште повеќе, за една година (2023 ‒ 2024) е направен крупен исчекор. Со реализираните деловни активности, НЈСК Холдинг лани успеал да ја зголеми добивката за високи 546,05 проценти. Чистиот профит изнесува 8.859.060 денари или 144 илјади евра.

Веќе две години со НЈСК Холдинг раководи д-р Сашо Стефаноски. Во јавноста е познат како екс- директор на Фондот за здравствено осигурување и државен секретар во Министерствата за одбрана и за локална самоуправа.

Инаку, компанијата што работи со најсовремената технологија, има и сопствена физичко-хемиска лабораторија. Годишниот капацитет на суво цвеќе е 15 тони и има голем капацитет за екстракција. Во одгледувањето канабис се применети практиките и искуствата од деловните партнери од САД, Канада и Израел.

Целата текст прочитајте ја на pari.com.mk