Skip to main content

Муртезани: Стигна првата транша од ЕУ, Македонија е првата земја од регионот која ги доби сретствата од Планот за раст

фото: Принтскрин

Почна исплатата на првите пари од предфинансирањето во рамки инструментот за реформи и раст од ЕК. Траншата е во висина од 52,4 милиони евра, односно 7 отсто од вкупната вредност на финансиската поддршка која за за Македонија е во вредност од 750 милиони евра.

Земјава е прва од регионот која ги доби средствата од Планот за раст. Како дел од реформската агенда, македонската влада пред десет дена испратила и барање до Брисел за ослободување на дополнителни средства 17,1 милиони евра за имплементација на реформите со рок до делември годинава.

Како што рече, Муртезани, сумата од 52,4 милиони евра 24,4 се веќе легнати на сметката на Министерството за финансии, 15 милиони се грант и се префрлени во Инвестицискиот фонд (WBF), а останатите 13 милиони евра се заем и се во процедура на исплата, а се исто така префлени во Инвестицискиот фонд.

Како дел од реформската агенда, македонската влада пред 10 дена испратила и барање до Брисел за ослободување на дополнителни средства 17,1 милиони евра за имплементација на реформите. Од нив 7,96 милиони евра се за директна буџетска поддршка, а останатите 9,11 милиони евра за инвестициски проекти преку заедничкиот фонд на инвестициската рамка за Западен Балкан.

– Овие средства ќе бидат достапни, откако Комисијата ќе заврши со оценката за исполнувањето на реформите за што на располагање има 90 работни дена – појасни Муртезани.

Тој додаде дека интензивно е работи на реализација на чекорите за исполнување на периодот до јуни годинава за чии активности се предвидени околу 70,6 милиони евра.

Поврзани вести