
Владата денеска на седница ја разгледала и усвоила информацијата за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка на 120 еколошки автобуси за градски превоз.
Како што информира владината прес-служба, Владата го задолжила Министерството за транспорт да ја отпочне постапката за јавна набавка.
Распределбата, појаснуваат од Владата, ќе се изврши согласно ургентноста, економската оправданост и реалните потреби на секоја од единиците на локалната самоуправа.