Skip to main content

Мицкоски со добри вести за оризопроизводителите: 6.000 денари за 1.000 килограми откупена оризова арпа за извоз и субвенции од 18.000 денари од хектар за тековната 2024

Решен откупот на ориз!

По интензивните средби кои ги имавме заедно со министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Цветан Трипуновски периодов се пронајде решение за откупот на оризопроизводителите.

Се донесе одлука дополнително да се поддржи откупот со по 6.000 денари за 1.000 килограми откупена оризова арпа наменета за извоз. Плус на ова оризопроизводителите ќе ги добијат субвенции од 18 илјади денари од хектар за тековната 2024 година.

Ова е конкретна и многу добредојдена поддршка за земјоделците. На овој начин ги решаваме проблемите и се бориме за подобар стандард на сите, објави Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на Фејсбук.

Поврзани вести