
Во првиот квартал на 2025 година реалниот раст на БДП, откако е избрана оваа Влада, трет квартал е 3 или повеќе проценти а прилагодениот согласно сезонските и календарските податоци е 3,2%, тоа е бројката што ја објавува Еуростат, истакна на денешната прес конференција премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски.
Македонија се најде на четвртото место Според Еуростат Македонија се најде на високото четврто место и тоа зад Ирска, Данска и Полска.
Со тоа практично на досега објавените параметри кои што ги објавил Еуростат македонската економија е рангирана на 4 место веднаш позади Ирска, Данска и Полска – рече Мицкоски.
Премиерот додаде дека ова е резултат на храброст, визија и многу работа.
Тоа не е случано и ова не е случајност, ова е резултат на храброст, визија и многу работа. Ова е доказ кога државата се води на исправен начин, но и со знаење, со план и трпение, резултатите мора да дојдат – додаде Мицкоски.