Skip to main content

Мицкоски: До јуни очекувам да се заврши со изградба на шест базени, тоа што го ветуваме го исполнуваме

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање до каде е реализацијата на проектот за изградба или доградба на нови базени пред доаѓањето на летната сезона, информираше дека се очекува, шест објекти да бидат завршени во месеците јуни. 

Токму така, тоа што беше наследено во состојба до никаде, полека, но сигурно се задвижува. Имавме координативен состанок со министерот, во моментот се привршуваат и  очекувам во јуни, јули, веќе шест такви објекти да бидат завршени во Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров, Штип, Битола и Кичево, и уште еден  во Кавадарци таму некаде на почетокот на есента, се очекува да биде готов.“, напомена премиерот и додаде: Така што сето она што го наследивме како споменик во состојба до никаде, го задвижуваме и ќе го завршиме.

Поврзани вести