Skip to main content

Дурмиши:Турските инвестиции сочинуваат 38% од вкупните странски инвестиции во земјата, работиме на подобрување на деловната клима

„Македонија има одлични услови за привлекување на странски инвестиции и во Слободните економски зони каде што големи поволности се предвидени за странските инвеститори, но и надвор во зоните. Нашата стратегија е да постигнеме подобар економски развој не само на Република Македонија, туку и на целиот регион, кажа министерот за економија и труд Басар Дурмиши на бизнис форумот и деловни средби меѓу Република Македонија и Република Турција кој што се одржа денеска во хотел Хилтон.

На бизнис форумот учествуваше и министерот за трговија на Турција Омер Болат кој е во еднодневна посета на Македонија како и компании од Турција и Македонија.

Министерот Дурмиши истакна дека Македонија и Турција имаат одлична билатерална и трговска соработка која има простор да се зголеми во наредниот период.

„Турските инвестиции се едни од најбројните во земјата и сочинуваат 38% од вкупните странски инвестиции во земјава со околу две милјарди евра. Владата во бизнис секторот и во инвеститорите гледа партнери за поддршка на развојот на економијата. Преку отворен и континуиран дијалог со бизнис заедницата  сакаме да изградиме  партнерски односи кои носат резултати.Со Законот за финансиска поддршка на инвестициите сите компании кои работат во Македонија и домашните и странските инвеститори имаат исти услови и можности за добивање поддршка од државата. Со концептот на воспоставување на Технолошките индустриски развојни зони привлечени се повеќе од 35 мултинационални производствени компании со глобално влијание„  кажа министерот Дурмиши и ги повика турските компании да инвестираат во земјава и да ги прошират своите инвестиции, а Владата ќе обезбеди најповолна бизнис клима за работа.

Поврзани вести