
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека не ја гледа промената што ја очекувал во ставот на новата американска администрација кон Белград.
Според Вучиќ, тоа е очигледно во царинските тарифи и санкциите против српската нафтена индустрија.
Вучиќ им порача на српските амбасадори дека „Косово и Метохија беше и ќе биде Србија и за тоа нема дебата“.
Косово и Метохија е дел од Србија, така беше и така ќе биде. Барам да нема дебата за тоа. Тоа ќе биде вашата политика, главните регионални и светски фактори се впуштија во нов бран на признавање на Косово“, им рече српскиот претседател Александар Вучиќ на српските амбасадори на Амбасадорската конференција во Белград, организирана од Министерството за надворешни работи.

Македонски






