ветските и регионалните новински агенции во своите извештаи од вчерашните претседателски избори во Хрватска оценија дека победата на актуелниот претседател Зоран Милановиќ претставува историски триумф, пренесе Хина.
Австриската агенција АПА наведува дека актуелниот хрватски претседател Милановиќ со убедлива победа си го обезбедил вториот мандат. Тој во вчерашниот втор круг од изборите влезе со голема предност пред неговиот конзервативен противкандидат Драган Приморац и оствари историски триумф. Ниту еден хрватски претседател никогаш не бил избран со поддршка од над 70 отсто, а Милановиќ победил со 74,5 отсто, пренесува австриската агенција.
Во предизборната кампања, 58-годишниот политичар се потпре на проверениот тикет од првиот мандат со слоганот „Претседател за претседателот“ и се претстави како единствената бариера што ќе ја заштити земјата од целосно преземање на власта од страна на конзервативниот премиер Андреј Пленковиќ и неговата ХДЗ