Skip to main content

Уапсена раководителка во железницата на Србија

Полицијата денеска уапси раководителка во железницата на Србија, со седиште во Белград, во рамки на антикорупциската акција поради уривање на настрешница на Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.

Како што јави Радио телевизија на Србија (РТС), таа била уапсена од припадници на Управата за криминалистичка полиција.

Во акцијата, која се спроведува по наредба на Одделот за антикорупција на Вишото јавно обвинителство во Белград, се уапсени уште неколку лица.

Поврзани вести