Турција ќе гради фабрика за производство на муниција и беспилотни летала на Косово. Во наредните денови треба да биде потпишан договор со турската компанија „Makine ve Kimia Endüstrisi“, објави агенцијата „Анадолија“.
Според извори од Приштина од косовското министерство за одбрана, компанијата ќе биде одговорна за организацијата на целото претпријатие.
Во првата фаза, која треба да заврши за две години, фабриката ќе почне со производство на два вида муниција: 5,56 мм и 7,62 мм. Договорот ќе опфати и развој на дронови“, изјавил изворот.
Претходно, косовскиот премиер, Албин Курти, ја потпиша одлуката за развој на воената индустрија и изјави дека ова се првите чекори кон почнување сопствено производство на муниција и создавање биро за дизајн на беспилотни летала.