Skip to main content

Студентскиот пленум на Универзитетот во Нови Сад изгласа бојкот на наставата

Студентскиот пленум на Универзитетот во Нови Сад одлучи да ја бојкотира наставата до враќањето на работа на професорката од Филозофскиот факултет, Јелена Клеут.

Како што тие истакнаа – „Ја нема Јелена, нема ни настава“.

На Универзитетот или сме ние или полицијата. Настава нема да има“, објавија студентите на Филозофскиот факултет во Нови Сад.

На Филозофскиот факултет во Нови Сад во тек е протест.

Според студентите, бојкотот значи дека студентите што беа на пленумот нема да одат на настава, дека ќе бидат на факултетите и дека ќе бидат бучни. Тие исто така изјавија дека вечерва во 17 часот ќе биде организиран протест пред Филозофскиот факултет во Нови Сад.

Одлуката за приклучување кон бојкотот дојде еден ден откога студентите привремено физички ја блокираа зградата на Филозофскиот факултет. Блокадата траеше неколку часа пред полицијата да влезе во зградата на повик на деканот Миливој Алановиќ и да ги истурка студентите надвор. Во текот на денот полицијата не беше присутна во зградата на Факултетот, но припадници на полицијата беа присутни во универзитетскиот кампус.

Причина за протестот е тоа што проширениот Сенат на Универзитетот одлучи да ја потврди одлуката со која на професорката Јелена Клеут од Филозофскиот факултет не ѝ беше одобрен избор за редовен професор по што таа остана без работа. 

Поврзани вести