Skip to main content

Силни безбедносни мерки за училиштата во Хрватска по грозоморниот напад во кој беше убиен првоодделенец во Загреб

Хрватската влада одлучи да воведе построги безбедносни мерки во училиштата откако на 20 декември едно дете беше убиено, а пет лица повредени во напад во основното училиште „Пречко“ во Загреб, објави весникот „Јутарњи лист“.

По ужасниот чин на болно лице, ќе бараме строго почитување на мерките за заклучување на училиштата. Она што веднаш ќе го направиме е да ги смениме бравите на училишните врати за да може да се отворат одвнатре, но не и однадвор“, ијави министерот за образование Радован Фукс. 

Во училиштата ќе се спроведе мерка за нивно заклучување 30 минути пред и 15 минути по почетокот на наставата. Ќе треба да има службеник на секој влез во училиштето за да следи кој влегува и излегува.

Само учениците и вработените ќе можат да влезат во училиштата преку главниот влез на зградата. Сите други лица, вклучително и родителите, можат да влезат во училиштата само со претходно барање до училишните власти или класниот раководител. Во овие случаи, училишен службеник ќе се сретне и ќе ги придружува до и од влезот на училишната зграда.

Компании за обезбедување ќе бидат ангажирани за поедини училишта ако тие изразат таква желба. Во моментов општина Загреб има одобрено ваква мерка за ОУ „Пречко“. 

Поврзани вести