Skip to main content

Се судрија автобус и два автомобили на автопат кај Нови Сад, има повредени

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила утринава во 9:45 часот кај една бензинска пумпа на автопатот во Белград, во близина на исклучокот за Нови Сад, објави Euronews Србија.

Од српското Министерството за внатрешни работи за порталот потврдиле дека несреќата се случила во правец кон Шид, а во сударот учествувале автобус и две патнички возила. Полицијата сè уште е на терен и врши увид.

Според првичните информации едно лице е повредено и префрлено во болницата во Земун.

Според страницата „serbialive_beograd“ каде е објавено видео од местото на настанот, автобусот поминал преку банкина од спротивната страна и при тоа се судриле и два автомобили.

Поврзани вести