Skip to main content

Родителите на деца под 12 години во Бугарија ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

Парламентот на Бугарија денеска на прво читање изгласа родителите на деца до 12 години за време на летниот распуст да можат да имаат скратено работно време или да работат од далечина.

Предлог-законот за измена на Законот за работни односи беше поднесен од Деница Сачева (ГЕРБ-СДФ) и група пратеници, а беше едногласно одобрен со 181 глас „за“.

Досега Законот за работни односи предвидуваше можност родителите на деца под осум години да имаат  флексибилно работно време. Овој предлог им овозможува на родителите и старателите на деца до 12 години да имаат корист од ова, но само за време на летниот распуст.

Поврзани вести