Skip to main content

Продолжен притворот за 10 осомничени за падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

Фрипик

Вишиот суд во Нови Сад им го продолжи притворот за 30 денови на осомничените во истрагата за уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, јави дописникот на МИА од Белград.

Продолжен е и куќниот притвор на двајца осомничени.

На крајот на минатата година беше поднесен обвинителен акт против 13 лица.

Покрај тие десет, во домашен притвор се двае осомничени, од кои едната е поранешната в.д. генерален директор на „Инфраструктура на Железница на Србија“ Јелена Танасковиќ како и Анита Димоски, помошник-министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура од Секторот за железници и интермодален транспорт.

Поранешниот министер за градежништво Горан Весиќ се брани од слобода, по неколку дена минати во притвор, судот му го укина притворот прифаќајќи ја жалбата на неговиот бранител.

Одлуката за куќен притвор на двајцата осомничени се носи во траење од три месеци.

Случајот се води со обвиненија за сомневања за тешко кривично дело против општата безбедност во врска со кривичното дело предизвикување јавна опасност како и сомневања за сторено тешко кривично дело против општата сигурност во врска со кривичното дело непрописно и неправилно изведување градежни работи.

Во уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември загинаа 16 лица, а едно лице беше тешко повредено.Тие се обвинети во предмет пред Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, додека Обвинителството за организиран криминал во Белград води посебен предмет со други осомничени.

Поврзани вести