Skip to main content

Поранешниот шеф на српското разузнавање му се закани на Курти: Како што прави Мосад со своите непријатели, така треба Србија со Косово

Поранешниот директор на српската разузнавачка служба БИА, Александар Вулин, упати отворени закани кон Косово и кон премиерот Албин Курти, повикувајќи Србија да ги следи методите на Израел и на Мосад, пренесе „Вокс њуз“.

Во шокантна изјава, лидерот на Движењето на социјалистите побара изработка на конкретни планови за постапување кон луѓе кои тој ги опишува како „носители на антисрпски политики“, тврдејќи дека Белград „знае како се прават тие работи“.

Вулин, кој моментално е лидер на Движењето на социјалистите во Србија, се закани со напади врз Косово, премиерот Албин Курти и врз секој поединец кој, според него, води антисрпска политика. Вулин, во емисија на српски медиум, изјави дека Србија треба да делува во Косово на ист начин како што, според неговите тврдења, Израел дејствува преку Мосад против оние што ги смета за непријатели.

„Српската држава мора да дејствува. По ова, би побарал од нашите служби да изготват јасен план како ќе постапуваме со одредени поединци, со име и презиме, кои се носители на антисрпската политика, па нека размислат што може да им се случи. Ако може Израел, ако може Мосад, зошто не може и српската служба, зошто не можеме и ние?“ изјави Вулин.

Поврзани вести