Skip to main content

Пленковиќ: Силно ги отфрламе изјавите на српската министерка во ОН

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека Хрватска силно ги отфрла критиките на српската министерка за правда Маја Поповиќ пред Советот за безбедност на ОН дека Загреб ги остава неказнети злосторствата врз Србите, а им суди само на Србите.

Поповиќ во дискусијата за работата на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови, тело формирано да ја заврши работата на Меѓународните кривични судови за Руанда и поранешна Југославија, исто така го доведе во прашање именувањето на аеродромот во Загреб по Фрањо Туѓман и додаде дека одговорните за воените злосторства, како Насер Ориќ и Анте Готовина се на слобода.

  • Нашиот постојан претставник во ОН, Иван Шимоновиќ, веднаш жестоко реагираше на изјавата на српскиот министер, нагласи Пленковиќ.
  • Се разбира, ние силно го отфрламе тоа и ја оставаме Србија да се занимава со себе и со своето наследство на агресивната големосрпска политика на Слободан Милошевиќ, истакна шефот на хрватската влада, додавајќи дека „некои од неговите ’адлатуси‘ се уште се активни на српската политичка сцена“.

На прашањето како да се решат проблемите со соработката и дали Хрватска ќе му го отежни патот кон Европската унија на Белград, Пленковиќ рече дека Србија „има уште многу да направи за да влезе во ЕУ“.

Поврзани вести