
Од овој петок поскапуваат цените на патарините низ Србија, објави српското Министерство за градежништво, транспорт и инфраструктура.
Во согласност со редовните годишни активности, износите на надоместоците во динари се прилагодени со годишниот индекс на потрошувачки цени, зголемувањето на малопродажните цени, така што од 4 јули 2025 година ќе се применува новата Одлука за висината на посебната такса за користење на јавни патишта (патарини), соопштуваат оттаму.
Станува збор за поскапување од 4.2 отсто.
Вкупната мрежа за наплата на патарина опфаќа 905,2 километри, а ова се новите цени за патарините во Србија:
• Белград – Прешево: 1.970 динари
• Белград – Димитровград: 1.740 динари
• Белград – Ниш: 1.170 динари
• Суботица – Прешево: дури 2.815 динари!
• Суботица – Димитровград: 2.575 динари
• Нови Сад – Ниш: 1.490 динари
• Ниш – Шид: 1.690 динари
Возачите кои користат електронска наплата на патарина (TAG) сè уште можат да сметаат на одреден попуст.