Skip to main content

Обвинителството на БиХ издаде налог за апсење на Додик

Обвинителството на Босна и Херцеговина, чии активности и делување се забранети во Република Српска, издаде наредба до правосудната полиција да ги приведе претседателот на Република Српска Милорад Додик, премиерот Радован Вишковиќ и претседателот на Националното собрание на Република Српска, потврдиле за РТРС од кабинетот на Владата на Република Српска.

Наредбата ја издал обвинителот Ќазим Хасанспахиќ, а обвинителството ги товари за сторено кривично дело „напаѓање на уставниот поредок“.

Обвинителството издало налог за апсење до правосудната полиција, а помош побарало и од МВР на Република Српска, како и од СИПА, на која исто така и е забрането да делува на територија на Република Српска, по последните одлуки на Собранието на Српска.

Исто така, директорот на правосудната полиција на Република Српска, Жељко Драгојевиќ, за РТРС изјавила дека на Судската полиција на Република Српска ниту има, ниту може, да и се издаде наредба. Ова е во надлежност на СИПА и на Судската полиција на Судот на БиХ.

Судот на Босна и Херцеговина го осуди Милорад Додик на една година затвор и му изрече забрана за извршување на функцијата претседател на Република Српска во период од шест години, од денот на правосилноста на пресудата.

Додик и вршителот на должноста директор на Службен весник на Република Србија, Милош Лукиќ, кој е ослободен од обвиненијата, беа обвинети за непочитување на одлуките на Високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Кристијан Шмит.

Поврзани вести