Skip to main content

Нема игла кај да падне: Погледнете ги снимките од дрон од протестот во Белград

Денеска во Белград се одржуваат масовни протести на кои се очекува да учествуваат стотици илјади луѓе, а некои организатори најавуваат дека бројката ќе надмине милион.

Граѓаните и студентите сè уште пристигнуваат на протестот, а платото пред Собранието на Србија е веќе толку полно што се чини дека „игла нема каде да падне“.

Снимката од дрон покажува дека Булеварот Крал Александар е преполн со луѓе.

Студентите ги повикуваат граѓаните кои пристигнуваат на протестот да дојдат во Славија, бидејќи веќе не може да се приближи до Собранието.

Поврзани вести