Skip to main content

Недостиг на гориво во Хрватска

Снабдувањето со гориво во Хрватска станува сè понесигурно, откако недостигот на деривати почна директно да се чувствува на терен, особено во помалите населени места.

Една од најпогодените средини е Удбина, каде што веќе е затворена една бензинска станица, додека другата, во сопственост на ИНА, работи со скратено работно време – само до 13 часот. Ваквата состојба сериозно го отежнува секојдневието на локалното население.

Жителите се жалат дека се принудени да патуваат десетици километри за да наполнат гориво, најчесто до Грачац, што создава дополнителни трошоци и неизвесност.

„Не е добро, најблиската пумпа ни е во Грачац. Тешко е, навистина тешко, полниме каде што ќе стигнеме“, изјавуваат граѓани за хрватските медиуми.

Од компанијата ИНА посочуваат дека внимателно ја следат состојбата, но засега не најавуваат промени во работното време на бензинските станици, што дополнително ја зголемува загриженоста кај возачите.

Ситуацијата отвора прашања за стабилноста на снабдувањето со гориво во земјата и можните последици доколку кризата продолжи и во наредниот период.

Поврзани вести