Skip to main content

На Клиниката во Ниш примена пациентка со тешки повреди од пожарот во Кочани

Пациентка од Кочани каде синоќа се случи пожар во дискотека при што загинаа најмалку 59 лица, пристигна доцна попладнево на лекување во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, јави МИА.

„Во Универзитетскиот клинички центар Ниш, од Македонија во доцните попладневни часови е донесена 45-годишна пациентка  со изгореници што зафатиле приближно 25 проценти од нејзината телесна површина и знаци на изгореници на дишните патишта. По приемот во Универзитетскиот клинички центар Ниш, повредите се хируршки третирани и направен е алтернативен респираторен пристап. Пациентката е хоспитализирана на одделот за интензивна нега“, соопшти УКЦ во Ниш, јави МИА.

Поврзани вести