
Во последните денови, тројца пливачи во заливот Каштела во Хрватска доживеаја необична средба. Имено, ги каснала морска желка – карета. Според очевидци, желката одеднаш, без никаква очигледна причина, каснала тројца капачи во заливот Каштела, пренесува ХРТ.
Потврдено е дека станува збор за каснување од морска желка. Сè се случило во областа на плажите во Каштела Лукшиќ, а повредени се двајца возрасни и едно малолетно лице. Две лица претрпеле површински повреди, додека третото имало скршен прст и отворена рана на глутеалниот мускул, ги опиша повредите д-р Антонија Жаниќ, раководител на филијалата на Институтот за итна медицина во Каштела Стар.
Експертите истакнуваат дека ваквото однесување кај овој заштитен морски вид е многу ретко. Нема причина за паника, но повикуваат на претпазливост. Каретата не е агресивно животно и генерално избегнува контакт со луѓе. Сепак, ако се чувствува загрозено, може да касне. Во овој случај, се претпоставува дека станува збор за сексуално зрел мажјак кој чекал женка.

Македонски


