Skip to main content

Kосово не даде акредитации на медиумите на Српски јазик за известување од локалните избори, реагира и ОБСЕ

Freepik

За локалните избори во Косово, што ќе се одржат на 12 октомври, Централната изборна комисија не им издала акредитации на медиумите кои известуваат на српски јазик. Oбразложението е дека овие медиуми се познати по „пропаганда и клевети”.

Ова предизвика силни реакции од новинарските здруженија, кои одлуката ја оценија како „неприфатлива и спротивна на демократските вредности”. Тие нагласија дека српските граѓани на Косово имаат уставно право да бидат информирани на својот јазик. Реагираше и Мисијата на ОБСЕ на Косово, која изрази разочарување од одлуката на Изборната комисија.

Поврзани вести