Државниот инспекторат на Република Хрватска извести за отповикување на зеленчук поради утврдени штетни материи. Како што наведуваат, станува збор за чешниња лук на Метро,во пакување од 1 кг, кој е длабоко замрзнат производ. Рокот му трае до 2027, но се отповикува поради зголемено ниво на пестициди. Добавувач е MЦЦ Трејдинг Интернешнл, Германија, а трговец на мало е METРO Кеш & Кери, Загреб. Очигледно, во лукот се пронајдени пестициди забранети за употреба во ЕУ.
Причината за отповикувањето е што при лабораториски анализи во производот се пронајдени пестициди. Повлекувањето е во согласност со нашиот деловен принцип, според кој здравјето и благосостојбата на клиентите се еден од врвните приоритети. Редовните проверки на квалитетот се вршат од страна на надворешни акредитирани лаборатории и одделот за квалитет на нашата компанија. Доколку сте го купиле производот, немојте да го користите или консумирате и вратете“, велат од компанијата, пренесува Даница.хр.