Skip to main content

Грчките земјоделци засега не планираат блокади на границите

Во неколку делови на централна Грција, грчките земјоделци од денеска започнуваат со протести и симболични блокади на улиците, со цел да ги истакнат нивните барања до Владата, а не е исклучена можноста во следниот период да им се приклучат и нивните колеги и од други области, јави дописничката на МИА од Атина.

Протестите на земјоделците, како и во изминатите години, така и сега почнуваат од областа Тесалија и останатите околни региони, а сега, од Владата бараат надомест за загубениот земјоделски приход поради намаленото производство и ниските цени; мерки за намалување на производствените трошоци; мерки за контрола на увезените производи што се продаваат како грчки; итно зголемување на земјоделските пензии итн.

За време на ланските протести на земјоделците, блокади беа поставен на главните автопати, но и на граничните премини како кон нашата, така и кон соседните земји.

Засега, од земјоделците нема најави за затворање на границите.

Поврзани вести