Skip to main content

„Фајненшл тајмс“: Компанијата АДНОК од Абу Даби сака да ги купи акциите на НИС од руските сопственици

Националната нафтена компанија на Абу Даби (АДНОК) е водечки кандидат за купување на 56,15% од акциите што ги поседуваат руските компании во српски НИС, кој е предмет на санкции од САД, пишува „Фајненшл тајмс“.

Според изданието, иако АДНОК е водечки кандидат за единствената рафинерија за нафта во Србија, НИС сè уште е во преговори со други потенцијални купувачи, вклучувајќи ја и унгарската нафтена компанија МОЛ.

„Фајненшл тајмс“ ги објавува овие информации повикувајќи се на неименувани извори запознаени со ситуацијата.

Поврзани вести