Skip to main content

Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени во УКЦ Ниш од Воената болница

Facebook/Univerzitetski Klinički Centar Niš - UKC NIŠ

Двајца повредени во пожарот во Кочани попладнево од Воената болница Ниш се префрлени во Универзитетскиот клинички центар во тој град, јави МИА.

Како што соопштија од Универзитетскиот клинички центар Ниш, пациентите на возраст од 18 и 24 години се пренесени на континуирана хируршка нега и нивните витални параметри се стабилни.

Вкупно тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани се лекуваат во Универзитетскиот клинички центар Ниш.

Во моментов во воени и цивилни здравствени установи се лекуваат 30 пациенти кои беа тешко повредени во пожарот во Кочани.

Поврзани вести