Skip to main content

Додик: Република Српска може да смета на поддршката од Кина и Русија

predsjednikrs.rs

Република Српска може да смета на поддршката и пријателството на Народна Република Кина и Руската Федерација, порача денеска претседателот на Република Српска Милорад Додик од Москва.

Додик го истакна ова по средбата со претседателот на НР Кина, Си Џинпинг, на која ѝ претходеше нова средба со рускиот претседател Владимир Путин.
Република Српска може да смета на поддршката и пријателството на Кина – истакна Додик на платформата Икс.

Претходно, тој повторно се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, со кого разговараше за соработкаta меѓу рускиот и српскиот народ.
Република Српска може да смета на поддршката на Русија и претседателот Путин во одбраната на Дејтонскиот мировен договор, порача Додик на Икс.

По големата воена парада по повод Денот на победата, Додик разговараше и со московскиот патријарх и цела Русија Кирил.

Во Москва да се почувствува силата на православната вера и да се слушнат зборови на поддршка за српскиот народ – тоа е благослов кој не се заборава, изјави Додик.

Поврзани вести