Што им згрешивме на Бугарите, не би знаел да кажам, вака српскиот претседател, Александар Вучиќ го прокоментира гласањето на осум земји членки кои се изјаснија против отворањето на кластерот 3 со Србија, меѓу кои и Хрватска, Холандија, Финска, Шведска, Литванија, Летонија и Естонија..
-Да ме праша Господ што им згрешивме на Бугарите, не би знаел да го објаснам. Ми се чини дека разбирам кои се вистинските причини, иако никогаш нема да ги слушнете. А за Хрватите се разбирам, немам проблем да сфатам. За нас има две важни вести – да продолжиме да се бориме и да разговараме со сите нив.