Лицето е регистрирано поради психички нарушувања. Дури и пред околу една година, се обидел да се самоубие. Тешко е да се каже дека е психички урамнотежена личност со оглед на тоа што и денес се обиде да си го одземе животот, изјави хрватскиот министер Давор Божиновиќ.
– Длабоко сме потресени, како и целата јавност, од овој страшен настан. Утринава околу 9 часот и 50 минути, 19-годишен насилник влегол во основното училиште Пречко и со остар предмет ги нападнал наставничката и учениците. Од здобиените повреди едно дете починало, додека уште тројца повредени ученици се испратени во болница. Наставничката и насилникот се во болница. Сторителот е 19-годишник кој бил ученик во тоа училиште и моментално живее во близина на тоа училиште. Околностите и динамиката на овој настан се утврдуваат. Сите родители биле информирани, како и родителите на починатото дете. Во овој момент немам многу повеќе информации. Можам само да кажам дека нашите мисли се со семејствата на жртвите, децата кои беа повредени.