Skip to main content

Автобус со српски туристи каменуван во Грција

Синоќа на автопатот Егнатија во Грција, недалеку од излезот кон стариот национален пат Солун–Верија, се случила драма кога автобус со 38 српски туристи, кој се враќал од Халкидики кон Србија, бил одеднаш нападнат со камења.

Според првичните информации, автобусот бил гаѓан со крупни камења од страна на четири лица, за кои се претпоставува дека се малолетници. Полицијата привела две осомничени лица, но бидејќи кај нив не биле пронајдени докази, тие биле пуштени на слобода.

Од силниот удар, предното стакло на автобусот целосно се скршило, а страничното стакло целосно напукнало. На снимките објавени во грчките медиуми се гледа како еден од камењата, со големина на тупаница, ја пробива шофершајбната, а парчиња стакло се распрснуваат низ целиот автобус. Патниците, во шок, гледале како стаклото паѓа врз нивните седишта.

Во нападот биле повредени двајца туристи со полесни повреди кои одбиле болничко лекување. Помошниот возач (64 години) бил пренесен во болница, каде му била укажана помош, по што бил пуштен на домашно лекување.

На местото пристигнал друг автобус со кој патниците го продолжиле патувањето кон Србија

Поврзани вести