
Албански нарко-бос ја откри причината зошто верува дека британската полиција никогаш нема да успее да ги победи бандите што шверцуваат кокаин во Велика Британија.
Тој зборуваше за „Дејли меил“.Кога влегле на британскиот пазар кон крајот на 2000-тите, го користеле своето мото „продавај евтино, а продавај повеќе“. Албанец од Лондон, кој отслужил 17 години затвор како дел од голема организирана криминална група која се занимавала со трговија со кокаин, објаснил дека апсењето не мора да значи крај на ќелијата за трговија со кокаин.
Под водство на премиерот Сунак 200 Албанци биле депортирани во замена за 8 милиони фунти со цел да се модернизираат затворите во Албанија.

На крајот од минатата година, речиси 1.100 Албанци беа во британските затвори, вклучувајќи ги и озлогласените шефови на балканската мафија кои ги преплавуваа британските улици со кокаин.
Ако полицијата при рација не го упапси телефонот на криминалецот тогаш мобилниот телефон со сите контакти внатре може да го продаде за 100.000 фунти.
Албанските банди денес доминираат во британската трговија со дрога, преговараат директно со колумбиските картели и ги намалуваат цените на криминалните соперници за да ги преплават британските улици со евтин кокаин.
Се проценува дека затворањето на еден затвореник чини околу 40.000 фунти годишно, што значи дека Велика Британија троши околу 44 милиони фунти годишно за затворање на албански криминалци.