Skip to main content

Албанските, косовските и македонските иселеници двојно ја зголемија фреквенцијата на пристаништето Драч

Двојно е зголемен бројот на патници кои пристигнуваат со траекти од Италија во најголемото албанско пристаниште Драч.

Станува збор за иселеници главно Албанци, но во голем број се и Косовци и Македонци, кои доаѓаат во родните места празниците да ги минат со нивните роднини. Има и странски туристи, главно Италијанци, кои ја избираат Албанија како дестинација за празниците, јави Топ чанел.

За да се справат со зголемената фреквенција  траектите  на линиите  Бари-Драч и Анкона-Драч започнале со двојна пловидба. 

Фреквенцијата на патници е зголемена од Италија кон пристаништето Драч. Во наредните денови очекуваме по најмалку 2 илјади патници во секој траект, односно 4 илјади од Бари и 1.800 од Анкона, изјави  Таулант Алка, капетан на пристаништето во Драч.

Потврдува дека пристанишните власти презеле мерки за побрза  контрола на патниците и возилата, со зголемување на бројот на шалтери на терминалот.

Преземени се мерки за ставање во функција на сите капацитети. Очекуваме се да оди во најдобар ред, додаде тој.

Според него, во периодот јануари-ноември преку пристаништето Драч патувале над 716 илјади патници. Во споредба со истиот период лани, забележан е благ пад поради конкуренцијата од нискобуџетните авиокомпании.

Поврзани вести