Skip to main content

Албанија повторно има најниска минимална плата во Европа според куповната моќ

Фото: Freepik

Континуираното зголемување на минималната плата во Албанија не успеа да ја тргне земјата од дното на листата во Европа, особено кога станува збор за куповната моќ.

Евростат ги објави првите податоци за минималната плата во Европа за 2025 година, кои покажуваат дека во Албанија минималната плата достигнала 405 евра. Таа во втората половина на 2023 година, изнесувала 376 евра, објавија албанските медиуми. 

Наведуваат дека минималната плата во Албанија останува пониска од Србија која изнесува  619 евра и Црна Гора која  изнесува 670 евра. 

Иако е зголемена, платата во Албанија вреди помалку, поради високите трошоци за живот. Врз основа на куповната моќ, минималната плата била најниска во Европа на почетокот на 2025 година. 

Поврзани вести