
Украинските вооружени сили продолжуваат со тестирање на дронот „Булава“, кој се смета за аналог на рускиот „Лансет“.
Неодамна во Киев се одржа Форумот за одбранбена технологија и иновации 2025, каде што уште еднаш беа откриени некои од воените дизајни на Украина.

Украинската компанија DEVIRO (креаторот на леталото Лелека-100) го претстави беспилотниот систем за извидување и напад „Булава“, кој надворешно наликува на рускиот дрон „Лансет“.
Времетраењето на летот на „Булава“ се проценува на 50 минути, времето на распоредување на 20 минути, а брзината на крстарење му е од 100 км/ч

Наведено е дека муницијата со боева глава од 3,6 кг може да погоди цели на оддалеченост од приближно 60 км доколку се користат извидувачки дрон и репетитор. Доколку дронот лета самостојно, борбениот радиус се намалува на 35 километри.