
Земјоделец е тешко повреден, а целосно изгорено е и неговото возило откако за да си ја исчисти нивата запалил оган.
Како што соопшти СВР Тетово, вчера во 15:15 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат с.Палатица-с.Озормиште, во нива покрај патот, било опожарено паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски
регистарски ознаки, сопственост на М.С.(74) од с.Палатица.
Од пожарот целосно е изгорено патничкото возило, како и површина со сува трева, а М.С. при обид да го изгаси огнот се здобил со изгореници и бил пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош.
Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Тетово.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово, при што било констатирано дека М.С. ја чистел нивата со палење на сува
трева, по што огнот се проширил и го зафатил возилото, соопшти СВР Тетово.

Македонски

