Skip to main content

Швајцарија ќе претседава со ОБСЕ во 2026 година

Швајцарија ќе претседава со Организацијата за безбедност и соработна во Европа (ОБСЕ) во 2026 година, соопшти денеска претседавачот со таа организација, вицепремиерот на Малта и министер за надворешни работи и туризам, Иан Борг.

Тој изрази уверување дека Швајцарија е способна ефикасно да ја води организацијата „со визија и одлучност“.

Соопштението следи по министерската одлука усвоена со консензус во последните денови од претседавањето со Малта, беше објавено на веб-страницата на ОБСЕ.

Поврзани вести