Skip to main content

Руските фабрики за автомобили годинава произвеле близу 1 милион возила, 31% повеќе во однос на лани

Новинската агенција „АВТОСТАТ“ објави дека во првите 11 месеци од 2024 година руските фабрики за автомобили произвеле вкупно 967,4 илјади автомобили.

Таа бројка е дури 31% повеќе од истиот период лани.

Пред извесно време, компанијата „Автоваз“ (Лада) објави дека нивната фабрика во периодот јануари – декември 2024 година произвела половина милион автомобили.