Рускиот претседател Владимир Путин вечерва ќе одржи средба во затворен формат со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп – Стив Виткоф. Ова го соопшти советникот на Путин, Јуриј Ушаков, во изјава за весникот Известија, пренесува ТАСС.
Авионoт со американскиот претставник пристигна на московскиот аеродром „Внуково 2“ денеска околу 12:30 часот по локално време.
Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, објави дека американски дипломати, кои се вклучени во преговорите за решавање на конфликтот во Украина, патуваат кон Русија и дека за денеска се планирани соодветни состаноци.