Skip to main content

Отворена изложбата на театарски фотографии на Каролина Мицевска „75 за 75“ со која се одбележува јубилејот на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“

Центар за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп

Синоќа во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков” во Прилеп беше отворена изложбата „75 за 75″ на театарски фотографии, со кои се одбележуваат 75 години од постоењето на театарот „Војдан Чернодрински” од Прилеп.

Изложбата, авторски проект на м-р Каролина Мицевска, која предизвика голем интерес, ја отвори проф.д-р Ана Стојаноска, потенцирајќи го големото историско значење на изложбата.

фото: Центар за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп

„75 за 75“ е исклучително важен момент и за историјата на прилепскиот театар, но и за историјата на македонскиот театар. Авторката на проектот Каролина Мицевска направила внимателно сведоштво за феноменот театар во Прилеп. Театарот е уметност на мигот и затоа треба да остане зачувана во вакви изложби на фотографии, рече Стојаноска.

Презентирани се 75 фотографии од театарски претстави од 1950 до 2024 година. Направен е избор на фотографии од претстави кои оставиле белег во театарот “Војдан Чернодрински”, претстави кои биле наградени и најгледани.

Фото: Центар за култура „Марко Цепенков“ од Прилеп

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.