Околу 1.500 украински војници се опколени во областа на градот Велика Новоселка во јужниот дел одрегионот Доњецк во Донбас. Според информации објавени на украински и руски телеграм канаи, меѓу опкружените војници има и 200 странски платеници од Полска, Грузија и Велика Британија.
Според инфорациите, единиците на групата „Восток“ на руската армија го затвориле обрачот околу Велика Новоселка во областа на реката Кашлагач.
Повеќето од 1.500-те припдници на украинските воени сили се од 110-та механизирана пешадиска бригада, која беше оставена да ја брани населбата. Изминативе неколку денови тие бараале да се повлечат, но не добиле дозвола од украинското раководство.
Според руски извори, судејќи според гласовите од пресретнати радио-врски, како и пронајдените тела на загинатите, меѓу опкружените војници има и голем број платеници од Полска, Грузија и Велика Британија.
На сите опкружени војници им е даден ултиматум да се предадат според однапред договорен коридор по одредени улици во градот, а тие што ќе ја одбијат понудата ќе се соочат со сигурна смрт.